недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 89
home Вести

Ласовска: Власта рече дека Македонија ќе стартува со преговори во 2018 година, а сега е 2021 и пак зборува дека допрва чекаме датум

Ласовска: Власта рече дека Македонија ќе стартува со преговори во 2018 година, а сега е 2021 и пак зборува дека допрва чекаме датум

Македонија денес се наоѓа во иста состојба како во 2009, тогаш услов беше проблемот со Грција и дека Македонија ги исполнува условите за влез, оваа власт кога ја презема власта во 2018 и кажа на јавноста дека почнуваме со преговори. Па нели почнавме преговори, ова го кажувам иронично затоа што кога ја лажете јавноста ви де удира од глава. Пандорината кутија се отвори со потпишување на Преспанскиот договор, па продолжи со Договорот со Бугарија, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на гостување во емисијата Објектив на МРТ.

Доволно жртви направи Македонија, рече Ласовска, укажувајќи на тоа на колку институции се тргна името македонски.

„Мислам дека сега џабе се одењата во Брисел. Се направија многу планови, како 3-6-9, потоа реформа 18, до каде сме со реформите. Па ние имаме скандали и корупција секој ден“, рече Ласовска.

Ласовска посочи дека власта направи огромна изборна измама на која не кажа дека дека ќе го менува името.

„Дали надвор од границите има македонско малцинсктво. Власта се откажа од македонското малцинство. Знаете каде води тоа“, ја праша Ласовска пратеничката од СДСМ Снежана Калеска која беше дел од дебатата на МТВ.

ЕУРО 2020

Македонија