понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Стана пракса веќе европското знаменце да се става на закони кои што се планираат да се носат во една недемократска атмосфера

Ласовска: Стана пракса веќе европското знаменце да се става на закони кои што се планираат да се носат во една недемократска атмосфера

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија, побара 20 точка предлог на закон за социјална заштита да биде повлечен од дневен ред, бидејќи според неа, станало пракса веќе европското знаменце да се става на закони кои што планираат да се носат во една недемократска и во една нетранспарентна атмосфера.

Бидете убедени дека и ние, но и луѓето кои што се опфатени со овој предлог закон бевме многу изненадени зошто овој предлог закон оди со европско знаменце, еден закон кој што треба да регулира права на луѓето со хендикеп, појасни Ласовска.

Ласовска ги запраша колегите од парламентарното мнозинство дали се свесни дека овој закон кој што треба да го гласаат за 3 дена предвидува немање на јавна расправа, и предвидува ниту едно барање кое што маргализираните групи или луѓето со хендикеп ги бара и не ги добиваат. И што е уште потрагично веќе стекнати права со овој закон се кинат и се тргаат.

Коронавирус