понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Се што им вети локалната самоуправа на граѓаните од Свети Николе, за се излажаа

Ласовска: Се што им вети локалната самоуправа на граѓаните од Свети Николе, за се излажаа

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната собраниска седница за финансирање на буџет зборуваше за амандманот кој таа го поднела и со тој амандман предлага да се обезбедат средства од 20 милиони денари за санација на речно корито на река „Поток“ и реконструкција на истото по целата должина.

Имено, таа овој амандман го поврза со поплавите кои пред неколку години се случија во Свети Николе, каде имаше доста оштетеност и постои потенцијална опасност за повторно нешто такво да се случи.

-Не очекував да го прифатите овој амандман како и впрочем 14 амандмани кои ги имам поднесено за општина Свети Николе и општина Лозово, но се согласувам со вашата констатација дека општината има и други финансиски средства или можности да исцрпи финансиски средства за ваквите јас би рекла капитални инвестиции затоа што тоа е долго течение, истакна пратеничката Ласовска.

Таа во своето обраќање посочи дека нејзините сограѓани си го барале овој проект и ова е ветување на локалната самоуправа.

-Бидејќи ние сега влегуваме во фаза на предизборие и треба да направиме една рекапитулација што една влада и заедно со локалната самоуправа затоа што владата одеше во поддршка на локалната самоуправа и владата ветуваше за сите овие проекти дека ќе бидат направени. Заради граѓаните ќе кажат кога се случија поплавите во нашата општина за волја на вистината, тогашната локална самоуправа реконструираше околу 3.4 километри, околу 1.2 милиони денари, рече пратеничката.

Ласовска додаде дека минатата недела била во населеното место Горубинци каде многу граѓани прашувале што се случува со реконструкција на речното корито кое што го вети градоначалникот.

-Сите проекти кој сите амандмани кој што ги поднесувам се ветувања на локалната самоуправа, нема ништо направено од тоа и јас им се обраќам на моите сограѓани да и кажам се што ви ветија, се ве излажаа, заклучи Ласовска.