недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: СДСМ и новинарите кои ја поддржуваат политиката на Заев, не запираат со мизогинија и говорот на омраза

Ласовска: СДСМ и новинарите кои ја поддржуваат политиката на Заев, не запираат со мизогинија и говорот на омраза

Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Зоран Заев и СДСМ не престануваат, реагира Благица Ласовска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е повеќе од јасно откако видовме дека ниту невладините организации, ниту некој од функционерите на СДСМ се огради од навредите на Златко Ориѓански кој токму од Заев беше поставен да ја претставува македонската култура во Тирана.  СДСМ и новинарите кои ја поддржуваат политиката на Заев, не запираат со мизогинија и говорот на омраза, па така Бранко Тричковски, полтронот на Заев во денешниот свој Фејсбук статус со неговиот валкан политички речник ги вмешува децата на претседателот Христијан Мицкоски во политичка  пресметка, вели таа.

 

-Зоран Заев, Бранко Тричковски и СДСМ одамна се разминале со моралот и со етиката. Власта не бира средства, па навредува и деца и фамилии. Ова лудило од страна СДСМ мора да запре и сите заедно да го осудиме ваквото однесување, порачува Ласовска.