сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Одговорноста што нема датум за преговори со ЕУ е кај владата, не е време за упатување на критики за Франција!

Ласовска: Одговорноста што нема датум за преговори со ЕУ е кај владата, не е време за упатување на критики за Франција!

Сега откако не добивме датум за преговори со ЕУ не е време за упатување на вина кон францускиот претседател, Макрон и францускиот амбасадор во земјава, Тимоние, вели Благица Ласовска претседател на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ на гостувањето на Македонската радио телевизија.

Дел од емисијата требаше да биде и претставник од СДСМ. Политичка одговорност за недобивањето датум мора да има, укажа таа, и додаде дека премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата, Никола Димитров требаше веднаш да поднесат оставка. -Македонија имаше 11 позитивни извештаи. Не велам дека ВМРО-ДПМНЕ нема направено грешки, но сите правеле и чекори кон евроинтеграциите. Ние ги плативме нашите грешки. Оттука сега одговорност за недобивањето датум е кај владата на Зоран Заев и шефот на дипломатијата, Никола Димитров, рече таа. Според неа не требаше да се оди со таква еуфорија дека работата за ЕУ е готова и стартот на преговорите исто е готова работа. -Не требаше да одат со таков оптимизам, туку реално да информираат дека реформите не се добро завршени, економијата не оди како што треба, односно да го кажат она што го кажуваат и од меѓународната заедница, рече Ласовска.

Таа укажа дека и Тимоние јасно кажал дека „се правеа маркетинши трикови за да се покаже дека има напредок кој води кон датум“. -Но, за пропустите, ние сето време укажувавме. Реформите се за граѓаните, економијата тоне, реализација на капитални инвестиции е само 28 проценти, а Заев ја прогласи за економска година. Од каде тоа?!, посочи Ласовска. И сето ова, според неа го гледаат сите, и граѓаните и странците. -Се покажа дека Преспанскиот договор, кој е и штетен, не е доволен, туку требаат и реформи. Ние како државотворна партија одлучивме да му дадеме шанса на процесот на реформи и покрај укажување од поддржувачи дека таму не ни е место, не ни е место во парламентот, решивме да сме дел од реформските процеси. За законот за јавно обвинителство исто ставот ни е јасен, тоа мора да биде според меѓународни стандарди, рече Ласовска. Таа укажа дека со разговорите за законот за јавното обвинителство Се сопре во моментот кога министерката за правда Рената Дескоска даде изјава оти случаите на СЈО се безбедни и дека не мора да се брза со преговравање за законот. -Оттогаш колку што знам нема иницијатива за реобновување на преговорите, рече Ласовска.

Според неа она што мора да се има во предвид е фактот што актуелната влада направи голема штета и оти тешко ќе може да се поправи штетата. За најавениот самит за следната година во Загреб, Ласовска посочи дека не очекува промена на ставот за проширување на ЕУ. -Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека и покрај одлуката да нема датум за преговори стратешката определба е ЕУ, а и НАТО. Сериозни држави како Франција, но и други од ЕУ не верувам дека ќе си дозволат да го сменат ставот за неколку месеци, иако би сакала, рече Ласовска.

Најнови вести

Коронавирус