недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска на пратенички прашања: Неколку пати се случува да нема претставник од МОН

Ласовска на пратенички прашања: Неколку пати се случува да нема претставник од МОН

Благица Ласовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ на денешната седница за пратенички прашања потенцира дека има три пратенички прашања. Првото прашање го упатува до министерот за транспорт и врски, второто до премиерот, но третото до министерството за образование.

При што реагираше дека веќе неколку пати се случува да нема претставник од самото министерство, ниту министер, ниту заменик министер.

-Првото мое пратеничко прашање до министерот за транспорт и врски, на 12.11.2018 година овој Парламент го изгласа предлог законот за изменување и дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти и се работи за патот Миладиновци-Штип. Во кој што закон се вели дека се склучува анекс на договор, договорот за изградба на автопат делница Миладиновци-Свети Николе-Штип, а со цел продолжување на крајниот рок го потенцирам крајниот рок до 31.12.2018. Јас морам да ви укажам дека големо незадоволство има што автопатот не е пуштен во употреба. Зошто автопатот не е пуштен во употреба, ако велите дека наскоро може да се пушти, нагласи Ласовска.

Второто прашање кое беше посочено на премиерот беше за проектот за регионалната депонија која што треба да биде во Свети Николе. И Ласовска го запраша премиерот дали овој проект ќе се реализира, бидејќи е започнат од претходната локална самоуправа.

-Третото мое прашање е до министерството за образование, а се работи за Е-дневникот, имено Е-дневникот е електронски систем во кој се заведуваат апсолутно сите активности на наставниците, оценки, часови, програми, дневни подготовки итн. Прашањето ми е до министерот за образование дали имало тендер, ако имало која фирма го добила и дали функционира Е-дневникот, рече таа.

Коронавирус