четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 13
home Вести

Ласовска: Министерке и едно дете да нема компјутер тоа е дискриминација, а вие тоа не требаше да го дозволите и требаше да им овозможите услови

Ласовска: Министерке и едно дете да нема компјутер тоа е дискриминација, а вие тоа не требаше да го дозволите и требаше да им овозможите услови

Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница посветена на пратенички прашања постави три од областа на образованието и науката.

– Средношколската унија на Македонија, или на средношколците ја бојкотираат наставата со барање за олеснување на матурантите за полагање на матура. Бараат матурата да се состои од проектна задача, и полагање на два премети наместо четири и тоа: еден задолжителен мајчин јазик или македонски, албански или турски јазик и уште еден предмет кој што ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет за оние кои што планираат секако да се запишат на факултет. Делот од матурантите остануваат на барањата да полагаат два наместо четири предмети од државната матура, но неодамна видовме дека претседателот на оваа средношколска унија вели дека дел од оние кои што протестираат односно бојкотираат имаат и закани од претставниците на училиштата, директорите. Тие бараат олеснувања затоа што им беа ветени скратени програми затоа што не им се обезбедени услови за пристојна онлајн настава и затоа што дел од нив не можат и не можеа да ја следат заради лош интернет и едноставно немаа компјутери, појасни Ласовска.

Ласовска укажа дека средношколците ја бојкотираат наставата и бараат матурата да се состои од мајчин јазик или македонски, албански, турски и уште еден од областа која е потребна за оние кои ќе се запишуваат на факултет. Или дел бараат да се полагаат два предмети, наместо четири.

Пратеничката укажа на тоа дека кон оние кои протестираат има закани од претставници на училиштата, а протестите се само затоа што им се ветија скратени прогами, а ги нема, им ветија услови за онлајн настава, а ги нема.

– Министерката за образование Царовска еднаш вели 80 проценти имаат компјутери, потоа 90 проценти. Министерке потребен е број, и едно дете да нема компјутер тоа е дискриминација, а вие тоа не требаше да го дозволите и требаше да им овозможите услови, рече Ласовска.

Во овој контекст Ласовска праша: „Дали останувате на став за матурата и нема да им излезете во пресрет на средношколците“.

Според неа министерката треба да се сретне со нив и да ги слушне нивните барања.

Ласовска се осврна и идејата на Царовска за спојување на двата предмети географија и историја како дел најавената реформа.

Пратеничката напомена дека ова доаѓа во период кога како што рече „имаше многу негативни критики за реформата, кога Бугарија бара бришење на настани и факти од историјата“. Според неа реформа не може да биде желба на министерката и мора да има јавна расправа и тоа во Собранието која може и треба да ја организира единствено надлежната Комисија за образование.

Оттука Ласовска праша: „Врз основа на која анализа дојдовте до идејата да се спојат предметите географија и историја“.

Третото прашање на пратеничката Ласовска беше во врска со промената на составот за Комисијата за историски прашања со Бугарија.

– Власта направи измени во составот на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и тоа во периодот кога на масата за преговори е ставен македонски јазик и во период кога македонската страна преговара со Бугарија за Анекс на постојниот договор од 12 точки кои што се штетни за Македонија. Членот на Комисијата кој што е сменет Александар Литовски од Институтот за Национална историја кој го критикуваше интервјуто на Зоран Заев даден за бугарскиот медиум за БГНЕС велејќи дека се неприфатливи политичките дискусии за историја и е фрапиран од леснотијата со која се инструментализира минатото, нагласи Ласовска.

Дали Зоран Заев го смени членот Литовски поради тоа што тој реално говореше за преговорите со Бугарија дека и штетат на Македонија и националните интереси.

ЕУРО 2020

Македонија