сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 12
home Вести

Ласовска и членки на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Домот за стари лица Идила

Ласовска и членки на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Домот за стари лица Идила

По повод претстојните празници, Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,  Благица Ласовска заедно со членки од Извршниот Комитет на Унијата на жени, денес го посетија Домот за стари лица Идила, во Скопје.

Во пријатна атмосфера, членките на Унијата се дружеа со корисниците на услугите на домот и поминаа преубав ден.

-Грижата за лицата кои целиот свој живот твореле и работеле, мора да биде приоритет на државата. Слушнавме многу корисни совети и убави желби. Ви посакуваме добро здравје и среќни пензионерски денови. Благодарност до тимот на Идила, на љубезноста, истакна Ласовска.

Коронавирус