среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 120
home Вести

Ласовска: Доколку не се одвојат средства за Законот за спречување и заштита на насилство врз жените и семејно насилство ќе остане само добар Закон кој нема да се применува

Ласовска: Доколку не се одвојат средства за Законот за спречување и заштита на насилство врз жените и семејно насилство ќе остане само добар Закон кој нема да се применува

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, во нејзиното денешно обраќање за Законот за спречување и заштитата на насилство врз жените и семејно насилство, посочи дека овој закон треба да биде пример за носење на сите други закони кои ги засегаат сите граѓани на Република Македонија.

-Сметам дека за носењето на овој закон треба да биде пример и за носење на други закони кои навистина ги засегаат сите граѓани на Република Македонија. Министерката имаше слух за неколку амандмани кои ги поднесовме ние поднесовме 17 или 18 амандмани каде 7 беа прифатени. Сакам да укажам дека кога имате простор суштински да разговарате за одредени законски решенија, секако дека законските решенија кои се носат можат да бидат донесени онака како што треба, а не на начин на кој се почесто се гледа. Овој закон ги помина сите фази кои треба да ги помине, рече Ласовска.

Ласовска во своето обраќање укажа дека овој закон треба да продолжи во влада и доколку не се одвојат доволно финансиски средства само ќе имаме добар закон кој нема да се применува.

-Јас имам неколку пораки, првата порака ми е до министерката за труд и социјална политика дека борбата за семејното насилство и овој закон излезе од пишана форма треба да ја продолжи во влада. Ова законско решение ќе остане мртво слово на хартија доколку не се одвојат прилична сума на финансиски средства, јас кажав и во една од дебатите дека доколку не се одвојат финансиски средства за повеќе институции за да се имплементира ова законско решение ние само ќе имаме еден добар закон, но закон кој нема да се применува, кажа Ласовска.

Пратеничка Ласовска додаде дека за овој закон власта има целосна поддршка од опозицијата да ја продолжи борбата за финансиски средства.

-Имате поддршка од целата опозиција да ја продолжите борбата за финансиски средства во владата. Друга порака е до жртвите на семејно насилство да знаете дека со носењето на овој закон треба да го пријавувате насилникот, да не го трпите насилство и порака до оние кои се неми сведоци и сведоци на секојдневно семејно и родово базирано насилство, а истото не го пријавуваат. Секое сведочење на насилство треба да биде пријавено и редно време е нашето општество да излезе од стереотипите кои за жал сеуште ги има. Другата порака е до институциите кои треба да го имплементираат ова законско решение и сериозно да ја сфатат оваа задача, укажа Ласовска.

ЕУРО 2020

Македонија