среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 87
home Вести

Ласовска: Денес требаше да разговараме за оставка на Влада, а не за мини реконструкција

Ласовска: Денес требаше да разговараме за оставка на Влада, а не за мини реконструкција

Граѓаните, премиере, очекуваат оставка од вас. И денес требаше да расправаме за оставка на владата, а не за ваква мини реконструкција. Има време ќе се прават истражувања, но оваа влада е најнеспособната, многу работи се гледаат, рече Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на седницата за избор на нови членови на владата.

-Ќе почнам сега од аферата „Рекет“. Се обидувате да ја заташкате истрагата и токму заради европските интеграции. Не видовме дека ве повикаа да дадете исказ. како граѓаните да веруваат во судството во ваква ситуација, рече Ласовска.

Таа се осврна и на документот што го донесе владата за борба против корупцијата.

-Вие не треба да носите како влада документи за борба против корупцијата, туку да делувате, а веќе и да имате резултати по тоа прашање, рече Ласовска.

Локални избори 2021