недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Ласовска: Дали родител кој нема средства да му обезбеди ИТ-уред на своето дете има право да ја тужи државата зошто неговото дете не е вклучено во образовниот процес?

Ласовска: Дали родител кој нема средства да му обезбеди ИТ-уред на своето дете има право да ја тужи државата зошто неговото дете не е вклучено во образовниот процес?

Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Вин-Вин“ зборуваше за ситуацијата каде над 40.000 ученици немаат ИТ- уред за следење на онлајн наставата и според неа тоа е поразителна и фрапантна бројка.

-Ние уште кога се носеа измените на Законот за основно образование предупредивме, а впрочем тука и голем број на експерти се изјаснија дека сме ние во право. Образованието согласно Уставот и законот во Република Македонија основното и средното образование се задолжителни и се бесплатни. Се согласувам имаме пандемија во цел свет одиме на онлајн настава. Бројката е фрапантна, поразителна 40.000 ученици ги немаат основните услови, а тоа е компјутер за следење настава. Нашето решение и при ребалнсот на Буџетот поднесовме амандман, но за жал парламентарното мнозинство и Владата го одби, рече Ласовска.

Ласовска во своето гостување праша дали родител кој не може да му обезбеди ИТ-уред за следење на наставата има право да ја тужи државата зошто неговото дете не е вклучено во образовниот процес.

-Денес слушав едно интервју со Мила Царовска која вели дека полека но сигурно голем број на деца, каде спомна 10% веќе добиваат компјутери или мобилни телефони. Добиваат по пат на донации, издвојување средства од страна на локалните самоуправи, по пат на општествено одговорни лица и бројот од 12 % денеска се симнал на 10%. Тука е сега таа игра на зборови која власта многу често знае да ја користи. Ако го претвориме процентот во бројка тогаш излегува вистинска состојба и се гледа реалната слика. 10% се некаде 15.000 до 20.000 ученици кои се вон наставниот систем во Република Македонија. Јас имам една дилема и отворено прашувам дали како родител на дете кое без своја вина, а и без моја вина бидејќи немам финансиски средства да му обезбедам комјутер или мобилен телефон, јас имам право да ја тужам државата затоа што моето дете не е вклучено во наставниот процес? Еве еден податок само во Шуто Оризари околу 1000 ученици не се вклучени во наставниот процес и тоа е поразително, додаде Ласовска.

Коронавирус