среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Ако ја покачиме минималната плата, да не ни се случи домино ефект на затварање на одредени конфекции

Ласовска: Ако ја покачиме минималната плата, да не ни се случи домино ефект на затварање на одредени конфекции

Ние ќе го поддржиме овој став за минималната плата и ќе го гласаме ова предлог законско решение, но сакам да укажам 2 до 3 дилеми кои ги имаме ние поврзани со овој закон. Едната дилема е периодот кој се носи, долгорочноста на ова законско решение базирано  не само на наши  проценки туку и на релевантни институции со кои го реализираме ова законско решение и целокупната економска состојба во државата, и самата процедура, истакна на денешната собраниска седница , Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа укажа дека не се согласува дека законот за покачување на минималната плата е од сложен и обемен карактер и за него требало да има дебата во Собранието.

-Но, дали овој закон ќе може да се имплементира и дали овие 14 500 денари им се доволни на работниците коишто работат секако дека не им се. Велите дека сте имале трипартитен договор, но од индустријата не велат така и наше стравување е да не се затворат одредени конфекции како што има случај со некои конфекции, праша пратеничката Ласовска.

Имено таа во своето обраќање ги кажа и извештаите од Светска Банка и од Монетарни фонд, а тоа се:

-Светска банка во својот извештај пред 1 месец посочува дека континуираниот пораст на платите во трудоинтензивните индустрии  придружен од падот на продуктивноста ја загрозува конкуретноста на економијата   бидејќи се зголемуваат трошоците за единица производ.

-Монетарниот фонд пак во извештајот од минатата година вели дека минималната бруто плата во земјата порасна многу повеќе во споредба со просечната бруто плата  и продуктивноста.

Ласовска додаде дека ова се сериозни пораки од релевантни финансиски светски институции кои ние како држава, а СДСМ како власт треба да ги слушне.

– Да не ни се случи да ја качиме минималната плата, но да не ни се случи некој домино ефект на затварање на одредени конфекции особено во делот на Источна Македонија, порача Ласовска.

 

Коронавирус