четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Ласовска: 82 вработени во СОУ „Кочо Рацин‘‘ од Свети Николе оставени без здравствено осигурување

Ласовска: 82 вработени во СОУ „Кочо Рацин‘‘ од Свети Николе оставени без здравствено осигурување

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во своето процедурално обраќање на денешната седница на собраниска комисија упати критики до министерката за образование Мила Царовска.

Ласовска ја критикуваше негрижата на министерката за образование Царовска за 82 вработени во СОУ „Кочо Рацин‘‘ од Свети Николе кои во екот на пандемијата и секојдневен раст на новозаразени се оставени сами на себе без здравствено осигурување.

-82 вработени во СОУ „Кочо Рацин‘‘ од Свети Николе се оставени без здравствено осигурување во време на пандемија. Дали вие како министерка превземате одредени чекори во насока да се реши овој проблем. Дали локалната самоуправа превзема чекори да се надмине проблемот и до кога вработените ќе чекаат? Недозволиво е во време на здравствена криза професорите и другиот персонал да бидат оставени сами на себе. Дејствувајте веднаш! За животи се работи, нагласи Ласовска

Најнови вести

Коронавирус