понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ласоска до Ванчевска : Вие се правите поголеми Грци од Грците

Ласоска до Ванчевска : Вие се правите поголеми Грци од Грците

Во вечерашната емисија на телевизија 24 „Тренд Анализа“ гостуваше претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласоска.

Таа кажа дека ВМРО ДПМНЕ предложил три министерки жени од која што една била разрешена од страна на владејачкото мнозинство поради наводно непочитување на законот заради не менување на таблата на Министерството за труд и социјала мислејќи на сега екс техничката министерка Рашела Мизрахи.

Таа кажа дека не е точно тоа што го тврди СДСМ дека екс техничката министерка Рашела Мизрахи го прекршила уставот. Ласоска истакна дека дури и самиот технички премиер неколку пати го употребил името Република Македонија и дека според договорот од Преспа СДСМ предвреме ги исполнуваат условите.

– ВМРО ДПМНЕ предлага три жени министерки и после неколку дена во 4.30 сабајле вие ја разрешувате едната министерка на труд и социјала, Зошто? Не е точно дека го прекршила уставот. Имаме еден куп примери па дури и самиот технички премиер во образложението што го даде на говорница употреби збор Република Македонија. Еве јас ќе ви кажам почитувана колешке во колку институции се уште и треба да стои затоа што во договорот од Преспа кој вие незаконски го склучивте во членот 1 точка 10 вие предвреме ги исполнувате обврските односно се правите како да ви кажам поголеми Грци од Грците појасна Ласоска.

Претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, Ласоска, додаде дека во голем дел од институциите стојат табли со името Република Македонија како Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство.