четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: За оваа Влада на СДСМ, Прилеп и прилепчани не постојат

Лашкоска: За оваа Влада на СДСМ, Прилеп и прилепчани не постојат

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната Собраниска седница истакна дека за Владата на Зоран Заев и СДСМ, Прилеп и прилепчани не постојат. Таа посочи дека власта заборавила на сите предизборни ветувања за градот Прилеп од кои ниту едно не е реализирано.

-За оваа Влада на СДСМ, Прилеп и прилечани не постојат, односно Прилеп и прилепчани се буквално избришани. Исто како што беше со буџетот, така и со ребалансот на буџетот за Прилеп нема ниту еден проект. Заборавивте да ги споменете ветувањата кои што ги дадовте заедно со вашите челници пред нашите сограѓани во 2016-та година и редно е денес да ви споменам барем некои од нив и да дадте образложени дали размислувате барем проект да направите, вели Лашкоска.

Лашкоска ги спомена ветувањата на власта за Прилеп каде беа ветени затворен базен, градинка со голем обем во Прилеп, проширување на магистралниот пат Прилеп-Битола, ветените спортски сали во основните училишта, ветувањето за нов театар. Притоа таа напомена дека за дел од нереализираните ветувања на власта за прилепчани опозицијата поднела и амандмани при ребалансот на буџетот, но истите не биле прифатени.