сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лашкоска: Во услови на пандемија и економска криза, врвен приоритет за СДСМ и Заев е да се исплатат тие „легендарни“ ликови од СЈО

Лашкоска: Во услови на пандемија и економска криза, врвен приоритет за СДСМ и Заев е да се исплатат тие „легендарни“ ликови од СЈО

Незаконска уредба, со законска сила донесена на седница на Влада на 2.04.2020г., за исплата на плати на вработените во СЈО, а сега в домени во ЈО.

Во услови на пандемија и економска криза, кога здравјето и животот на илјадници наши сограѓани се доведени во прашање, врвен приоритет за СДСМ и Заев е да се исплатат тие „легендарни“ ликови од СЈО!

Се друго е небитно за СДСМ!

Се нека се сотре во Македонија, нека се стори пепел, за СДСМ не е важно! Ама важно е нивната доскорешна прва ударна тупаница, а сега сламка за спас на Заев да е сита!

Кога во државата е прогласена вонредна состојба, нели логично е Владата да носи уредби само за тоа за што е прогласена вонредната состојба. Но, Влада која очигледно е во параноја ( а во параноја може да е само некој кој има направено многу лоши работи, нанесено голема штета на многу луѓе), ќе дели пари на своите извршители во услови кога:

– Буџетот на државата е празен;

– Медицинскиот персонал во цела Р. Македонија е секојдневно изложен на ризик по своето здравје, како и здравјето на нивните семејства. Читаме по социјални мрежи, по медиумите, добиваме телефонски повици…медицинските лица бараат помош! Молат да им се обезбеди медицинска заштита. Немаат соодветни маски, немаат ракавици и се друго што им е потребно како за лична заштита, така и за заштита на пациентите; Но, Владата вели дека се е како што треба ,т.е. дека блескаме;
– Кога во оваа криза веќе деновиве се чувствува недостаток на респиратори, кога нема пари за тестови, па чекаме донации;

– Кога Владата нема пари да им се исплатат субвенции на тутунарите;

– Кога Владата не е заинтересирана и не сака ни да ги слушне начините да им се помогне на занаетчиите;

– Кога Владата арогантно го отфрла без да го сослуша и прочита секој предлог на опозицијата за помош на стопанството, а стопанството од ден во ден тоне;

– Кога Владата не сака да обезбеди пари за луѓето кои овие денови остануваат на улица и од месец мај нема да можат да ги прехрануваат своите семејства.

Ама овие услови се услови во кои СДСМ им исплаќа пари на за нив најважните – тие од довчерашното СЈО!

Ова е најбезкрупулозна злоупотреба на народот во услови на вонредна состојба! Всушност, не знам дали некој и воопшто може да замисли по нечувствителен однос кон сопствениот народ!

Престанете да мислите на себе! Самобендисаноста задржете си ја во вашата меѓусебна комуникација!

Мора да ја обезбедите итно целата опрема која им е потребна на здравствените работници. Кој ќе го лечи народот, ако тие продолжат секојдневно да се разболуваат?!

Мора да обезбедите опрема за заштита на вработените во МВР! Кој ќе го штити народот, ако Власта не ги заштити нив?!

Престанете со популизам! Работите веќе ви заминаа низ прсти!

Благодарност до сите медицински лица! Благодарност до сите вработени во МВР!
Благодарност до сите вработени во аптеките!
Благодарност до сите вработени во маркетите!
#ЗатоаШтоЈаСакамМакедонија
#ПоддршкаЗаМедицинскиотПерсонал
#ПоддршкаЗаМВР

Фејсбук статус на Ане Лашкоска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус