четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Лашкоска: Во 2017 година новата локална власт во Прилеп ја запре изградбата на фабриката за рециклирање на отпад

Лашкоска: Во 2017 година новата локална власт во Прилеп ја запре изградбата на фабриката за рециклирање на отпад

Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ н денешната Комисија за финансирање и буџет зборуваше за изградбата на фабрика за рециклирање на отпад во Прилеп и укажа дека во 2017 ВMРО-ДПМНЕ остави започната фабрика да се гради за селекција на отпад, а новата локална власт ја запре изградбата.

-За изградба на фабрика за рециклирање на отпад во Прилеп не се согласувам за вас зошто ова не е прва фаза со која што ќе започне рециклирањето на отпад во Прилеп, туку во Прилеп ние сме дојдени до некоја поодмината фаза. Имено уште пред повеќе години, Прилеп беше единствена општина, сега не сум во тек дали и другите општини тоа го имаат реализирано, меѓутоа беше од малкуте општини кога со локалната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ ние ја завршивме примарната селекција на отпад. Имено на секое семејство беа доделени по 2 канти за ѓубре, од кој во едната се селектира стакло и пластика, а во другата останатиот отпад. Низ целата општина распределивме контејнери за селекција на отпад, посебни контејнери за стакло, за пластика, за останатиот отпад и така натаму. Во 2017 година ние оставивме веќе започната фабрика да се гради за селекција на отпад, меѓутоа од за мене нејасни причини новата локална власт која дојде во Прилеп ја запре изградбата. Тоа беше една хала која што за жал сега стојат само железа , зошто беше во една поодмината фаза, затоа што имавме купено и оставено и машина за селекција на отпадот која што можам да слушнам еве од граѓаните дека се раскрчмува машината иако навистина тоа се случува е многу жално. Вкупната инвестиција која што ја направивме и за примарната селекција на отпад и на еве започнатата секундарна селекција на отпад беше во вредност од пола милион евра и пресметките кои ги имавме направено и ги оставивме на властите кои што дојдоа беше дека тоа претпријатие „Комуналец“ ќе може од ова селекција да заработува по 150.000 евра годишно. Тука можам и морам да кажам дека Прилеп има една комплетна средено депонија каква што другите општини во Република Македонија немаат и затоа многу полесно би одела оваа селекција, истакна пратеничката.

Лашкоска додаде дека фабриката која што требаше да почне да се гради е всушност првата фаза за комплетна селекција на отпадот и сигурно покрај инвестиции односно заработка на претпријатието ќе овозможеше и вработување на околу 100 тина граѓани и со пуштањето на оваа линија да се стави во функција заработката би била некаде околу 30 милиони денари односно пола милион евра годишно.

Коронавирус