понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Лашкоска: Ветувањата на Владата на СДСМ се лага, ниту проблемот на вработените во Еурокомпозит е решен, ниту пак проблемот со откуп на јаболката во ресенско

Лашкоска: Ветувањата на Владата на СДСМ се лага, ниту проблемот на вработените во Еурокомпозит е решен, ниту пак проблемот со откуп на јаболката во ресенско

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, постави три прашања до Владата на СДСМ кои се однесуваа за барањата на вработените во Еурокомпозит, за рестарвација на куќата на доенот на македонската уметност Лазар Личеновски и за проблемите на земјоделците со откуп на земјоделските производи.

Како што рече Лашкоска и на минатата седница за поставување на пратенички прашања му ги прочитала прашањата и на Зоран Заев и на Кочо Анѓушев кои ги добила од вработените во Еурокомпозит но не добила одговор, истакнувајќи дека ситуацијата во фирмата е непроменета а вработените се уште протестираат, иако барале средба со Заев и Анѓушев не ја добиле.

Ми се обратија повторно вработените и ме замолија повторно да го актуелизирам овој нивен проблем. Работниците од 11-ти Октомври, Еврокомпозит, моментално оние кои што се останати на работа, технолошки вишок и пензионерите прашуваат: Кога ќе ни бидат исплатени придонесите за пензиско и здравствено осигурување кое не е платено од 1.06.2012 година, со што во овој момент сите пензионери губат по 3500 денари од пензиите месечно на секоја исплатена пензија. Кога ќе ни бидат исплатени заостанатите 15 плати? Кога на вработените кои заминаа технолошки вишок ќе им биде исплатена премијата за технолошки вишок? Беше договорено со раководството на фирмата дека до крајот на 2018 година да бидат исплатени 50.000 денари, а до крајот на февруари 2019 да биде исплатен остатокот. До сега е исплатено само 25.000 денари, вели Лашкоска.

Што направивте во овој изминат месец за решавање на голготата која секојдневно ја живеат овие луѓе, праша Лашкоска.

Второто пратеничко прашање Лашкоска го поставила на министерот за култура Адеми кој што се однесуваше на рестарвација на куќата на Лазар Личеновски.

Во време на претходната влада се започна за конзервација и рестарвација на делата на Лазар Личеновски и истите беа финансирани во рамките на годишните програми во 2016 и 217 година. Проектите како конзервација на мозаици од куќата завршија, а во завршна фаза беа и проектите за сликарство и етнолошки материјал. Во програмата за 2018 година за оваа намена беа одобрени 300.000 денари од бараните 9 милиони и 900 илјади денари. Затоа овој проект се што не ви е завршен. Во новата програма за 2018 година бројот за средства односно сумата е нула денари.

Зошто оваа година се одбиени проекти на Националната галерија на Македонија за довршување на овие проекти и заштита на доаенот на македонската уметност и до каде се уметностите со санација на куќата на Личеноски која треба да прерасне во спомен музеј – куќа Лазар Личеноски, односно дали имате намера конечно да почнете со реализација на овој важен проект, го праша Лашкоска министерот за култура Адеми.

Третото прашање беше поставено до министерот за земјоделие Љупчо Николовски во однос на проблемот со откуп на земјоделските производи. Таа додаде дека претходно Николовски и Заев ветувале мед и млеко за земјоделците а сега не направиле ништо за да им помогнат во решавање на нивните проблеми со откуп на јаболките.

Со оглед на пораст на температурите останува помалку од еден месец да се откупат преостанатите 50 илјади тони јаболка, што е речиси и невозможно, дали воопшто , како и со кои мерки планирате да помогнете на јаболкарите од Ресенско, праша Лашкоска.