вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 65
home Вести

Лашкоска: Со овој закон директорот на катастар станува султан

Лашкоска: Со овој закон директорот на катастар станува султан

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска за новиот предлог Закон за катастар истакна дека овој закон за катастар кој што се носи е пред се во интерес на директорот на Катастар. СДСМ во опозиција секојдневно велеше дека ќе носи закони кои што се во интерес на граѓаните, оти функционерите нивни ќе работат во интерес на граѓаните. Но гледајќи го овој закон гледаме дека не е така, вели Лашкоска.

-Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесовме триесетина амандмани по однос на текстот на овој закон со цел подобрување на законот, но од страна на заменик министерот не беше прифатен ниту еден. Лашкоска од собраниската говорница објасни дека со овој закон се воведува нова алинеа која што гласи водење на регистар за превземени недвижности наменети за продажба, овој поим не е јасен ниту пак е користен затоа што не дефиниран. Ова беше ставено во изборната програма на СДСМ и власта мисли дека ако ова го воведе евиденција на сите објекти кои ги поседуваат банките. Вака како што ќе се донесе овој закон е во директна спротивност со повеќе закони, кои ја регулираат постапката за продажба и тоа Законот за извршување, Законот за персонален данок на доход, Законот за управување со конфискуван имот, како и неколку други закони.

-Погрешно е што со овој закон, и со овој предлог се укинува бесплатната изработка на геодетски елаборат за лицата кои поседуваат стара градежна техничка документација, а од оправдани причини не учествувале во постапката за систематско излагање, порача Лашкоска. Пратеничката вели дека се вршат измени врз исплата на плата и додатокот на плата, истите да можат да се зголемуваат од 5 до 30 проценти и за ова ќе одлучува само директорот на катастар без никакви критериуми за одлучување, туку по сопствено убедување.

Коронавирус