сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Лашкоска: Република Македонија нема да стане членка во ЕУ поради тоа што СДСМ не нуди никакви реформи во правосудството

Лашкоска: Република Македонија нема да стане членка во ЕУ поради тоа што СДСМ не нуди никакви реформи во правосудството

Ане Лашкоска, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за избор на уставен судија потенцираше дека начинот на кој работи СДСМ не нуди никакви реформи во правосудството и поради тоа Македонија нема да стане членка во ЕУ.

-Секогаш сум имала исклучителна почит кон членовите за судски совет заради тоа што сметам или пак сметав досега дека судскиот совет односно да стане некој член на судски совет всушност е зенит во работата на еден судија или она кон што се стреми да дојде еден судија после долгогодишна работа, после своја успешна кариера, после исклучително големо искуство. Меѓутоа ова го мислев до денес, повеќе не го мислам за жал со оваа власт многу работи се побија еве и ова мое размислување се поби токму заради тоа што од денеска станува член на судски совет човек, жена исклучителен, но истакнат активист на СДСМ кој во својата животна кариера нема ни ден стаж како судија, но работела како стручен соработник во некој од судовите, како што пишуваше во медиумите во Кривичен Суд. Се работи за Весна Дамева која што станува збор за исклучителен активист на СДСМ, близок до СДСМ и раководството. Јасно е каде оди Македонија дека ЕУ не ни е би блиску и дека реформите во правосудството нема да дојдат не за кратко време , туку сигурно за година на овој начин на кој што продолжува да работи СДСМ, рече пратеничката.

Потоа Лашкоска зборуваше за изборот за уставен судија односно за Добрила Кацарска каде го спомна случајот со Душко Лазаров кој доби казна од 15 години за настаните од 27 Април.

-Кацарска се предлага за уставен судија во суд кој што да рече всушност поништил нејзина одлука и за мене е за очекување кога таа ќе стане член на овој суд. Можеби уставниот судија да си поплука на оваа своја одлука, па да ја промени одлуката пу-пу не важи, не судила добро Добрила Кацарска затоа што во нашата држава за жал законите и правилата не ги почитуваат тие што треба да ги почитуваат, а ги казнуваат другите. Кога пребарував за тоа што се работела Добрила Кацарска ми падна во очи случајот со Душко Лазаров кој што доби казна од 15 години за настаните за 27 Април и замислете правобранителот утврдил дека му се прекршени човековите права на господинот Лазаров и бара објаснување од судски совет и оттаму му одговараат дека станува збор за ненамерна грешка направена грешка од судиката Добрила Кацарска, додаде таа.

Коронавирус