понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 258
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Лашкоска: Правото и правдата мора да важат за сите подеднакво

Лашкоска: Правото и правдата мора да важат за сите подеднакво

Разговорите со граѓаните на терен ми даваат за право да кажам дека победуваме на 15 јули. Од нив имаме и поддршка за програмата, а истата ја пишувавме и со нив, ги слушнавме прво нив, па потоа програмата доби финален лик, рече Ане Лашкоска, канидидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4 на гостување во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Лашкоска се осврна што се граѓаните им кажуваат на средбите.

„Граѓаните се жалат речиси за се, мака имаат земјоделците, се жалат и од бизнис секторот, се жалат поради рекетот кој го има на сите страни. Рекетот можеби се пријавува, но недовребата во институциите си го прави своето. Во целата оваа кампања пак немаме противник, немаат програма.

Според неа СДСМ ја користи истата реторика од парламентарните избори во 2016 година.

„На пример во 4 ИЕ немаат направено ништо, немаат реалзирано ниту едно ветување. Ние ветуваме, а потоа и даваме отчет што сме сработиле. И тоа го знаат и граѓаните, а СДСМ им ветуваат брда и долини но ништо не реалзираат“, рече Лашкоска.

Тоа што СДСМ го ветуваше правда и мир, рече Лашкоска, од тоа нема ништо.

„Ветија и реформи во правосудството, а направи тело и тогашниот премиер и сега лидер на СДСМ Заев се назначи сам да го води, како тоа е можно. Тие едноставно не се заинтересирани за реформи во правосудството. Кај нив се функционира преку Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство, кај нив се почнува и завршува со нивниот личен интерес. Во Собранието бевме сведоци како се носеа законите“, рече Лашкоска.

Лапкоска посочи дека СДСМ прави се само не прави ниту една реформа.

„Како може да се очекува нешто од СДСМ, партија која очигледно и нуди на јавноста личност како Заев кој е три пати аболициран, еднаш од Црвенковски, потоа од Јанева, третиот пат сите гледаа како бара едо евро за Вицето, едно за црквата и како да не било ништо. Да функционираше системот ова ќе беше процесуирано“, кажа Лашкоска.

Според неа СДСМ е партија која нема чувство за национлна припадност, за држава, тоа како што кажа е партија која не се грижи за граѓаните.

„Овие избори се последна шанса за Македонија. Ние на овие избори ќе покажеме дека сме различни. За нас приоритет е дека правото и правдата мора да важат за сите подеднакво. Можат да ни веруваат и ни веруваат затоа што сме различни. Имаме и стратегија и за колку време би ги реализирале мерките. Ние се обврзуваме на тоа. Еднаш засекогаш мора да се стави крај на Луи Вутон обвинителството и трас-трас судството“, рече Лашкоска.

Парламентарни избори 2020