среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Лашкоска: Морам да изразам жалење дека не беше прифатен амандманот за решавање на проблемот со судската администрација

Лашкоска: Морам да изразам жалење дека не беше прифатен амандманот за решавање на проблемот со судската администрација

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, која истакна дека изразува жалење оти не бил прифатен предлогот односно амандманот за проблемот со судската администрација, која што за жал не може да напредува.

Како што истакна Лашкоска во судска администрација има луѓе кои што работат по 8, 9, 10 години, а немаат можност да конкурираат за да одат напред во својата кариера односно да станат судии.

Лашкоска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе се залагаат за решавањето на овој проблем, иако во овој период предлозите на партијата не биле прифатени.

Таа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ има став и нема двојни стандарди.