понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Кој и зошто ги крие извештаите од Министерството за култура кој што не се од класифициран карактер и што е тоа што не треба да го знае јавноста

Лашкоска: Кој и зошто ги крие извештаите од Министерството за култура кој што не се од класифициран карактер и што е тоа што не треба да го знае јавноста

На барање на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, беше одржана надзорна расправа од страна на Комисијата за култура на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Македонија за проекти од национален интерес со посебен осврт на реализацијата на програмата за 2018 година“, изјави Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Сакаме да напоменеме дека беше одржана само една седница од надзорната расправа на која што немаше доволно време да се постават сите прашања и да се добијат одговори за истите.“

Лашкоска потенцираше дека во насока на добивање на поверодостојна слика за потрошените народни пари при реализацијата на скандалозната програма од 2018 година, на надзорната расправа ги побарале извештаите за следните реализирани проекти:

-Здрушение за развој „Акта нон верба“ за проектот „Монографија: Албански католички семејства“, поддржана со 600.000 денари,
-Здружение „Еднакви за сите“ за проектот „Православна крштевка во Македонија“, поддржан со 450.000 денари,
-Здружение „Дрита АГБ“ за проектот „Албански сунет во Македонија“, поддржан со 500.000 денари,
-Здружение за култура, спорт и екологија „Солејна“ за проектот „Мал музеј на Зекирија Алија“, поддржан со 600.000 денари,
-За проектот „Ден на грозјето во Сарај“, поддржан со 550.000 денари.

Лашкоска вели дека иако, од Министерството за култура тврдат дека го доставиле бараните материјали и извештаи пратениците кои што ги побарале истите никогаш не ги добиле.

-Оттука се јавува сомнеж, кој и зошто ги крие овие извештаи кој што не се од класифициран карактер и што е тоа што не треба да го знае јавноста.
Според наши сознанија се работи за материјали со чија содржина треба да се занимава Државната комисија за спречување на корупција и Основното јавно обвинителство. Имено, се работи за извештаи во кои се гледа како поранешниот министер Робер Алаѓозовски ги делел народните пари и кој е националниот интерес во овие проекти, изјави Лашкоска и подвлече:

„Ве повикуваме вас новинарите да ја искористите можноста за слободен пристап до информации од јавен карактер за целата македонска јавност да види што се крие во овие извештаи. Само да напоменам дека, уште потрагично е што ова е само еден сегмент од целокупното несоодветно трошење на средствата на Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.“