среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 120
home Вести

Лашкоска: Ги повикуваме сите одбиени за проекти од Министерството за култура да ја обжалат ревизијата на годишната програма

Лашкоска: Ги повикуваме сите одбиени за проекти од Министерството за култура да ја обжалат ревизијата на годишната програма

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска во врска со ревизијата на годишната програма од Министерството за култура истакна дека се повикуваат сите кои се одбиени, а предходно пријавени на годишниот конкурс за финансирање на проекти од годишната програма од Министерството за култура, да се повикуваат на автентичното толкување и одлуката на Владата и да ја обжалат ревизијата на годишната програма, која што беше направена целосно незаконски.

Таа вели дека надлежните институции треба да продолжат да ја вршат својара работа, и да постапат во овој случај затоа што вакви преседани како овој отвораат можност за нови злоупотреби во иднина. Пратеничката порача дека е нејасно дали поскандалозен е начинот на кој беше донесена Годишната програма или пак поскандалозна е нејзината ревизија. -Се што се правеше во културата изминатиов период е скандалозно, па веројатно затоа владеачкото мнозинство не сака да ја продолжи надзорната расправа на која што се разгледуваше начинот на реализација и начинот на доделување на средства на годишните програми за културата во 2018/2019 година.

Таа вели дека со самото тоа што е прекината надзорната расправа од владеачкото мнозинство јасно е дека власта не сака да навлегува во незаконската годишна програма на Министерството за култура.