вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Лашкоска: Факт е дека оваа власт не се интересира за реализација на капитални инвестиции

Лашкоска: Факт е дека оваа власт не се интересира за реализација на капитални инвестиции

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Ане Лашкоска.

Таа кажа дека оваа власт воопшто не се интересира за реализација на капитални инвестиции и дека со овој ребаланс на буџетот владата крати проекти кои биле предвидени за водоснабдување и одведување на отпадните води.

Исто така Ане Лашкоска потенцираше дека со ваквиот однос и со неспроведување на овие проекти владата неправедно ги казнува граѓаните.