среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Лашкоска: Една година лаги, пресметка со неистомислениците и уништување на државните и национални интереси

-Денес сме сведоци на оваа реконструкција на влада која се сведува само на еден политички пазар и една многу лоша шминка. За политички пазар премиерот Заев одлучил да бидат министерството за култура и министерството за образование, вели Лашкоска.
Лашкоска: Една година лаги, пресметка со неистомислениците и уништување на државните и национални интереси

Една година лаги и манипулации, една година сеење страв, една година вршење притисок врз граѓаните на Република Македонија, една година пресметување и уништувањето на политичките неистомисленици, една година масовни бркања и деградирања, една година масовни бркања од работ аи една година уништување на државните и национални интереси и урнисување на татковината, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата.

-Денес сме сведоци на оваа реконструкција на влада која се сведува само на еден политички пазар и една многу лоша шминка. За политички пазар премиерот Заев одлучил да бидат министерството за култура и министерството за образование, вели Лашкоска.

Таа потенцираше  дека работењето на министерката Дескоска го отсликува само законот за високо образование кој го донесе единствено за да и служи само нејзе кога ќе се врати на старото работно место, додека пак министерот  Алаѓозовски ќе биде запаметен по скандалозната национална стратегија, по изедените ручеци, илјадниците испиени кафиња, партиски вработувања и како еден од предводниците за рушење на националните интереси.

-Помина една година на владата која покажа дека единствено знае да урива, влада која погазува закони и не враќа десетици години наназад. Оваа влада ќе остане пример во учебниците каква не треба да биде една влада. Оваа влада покажа неспособност и незнаење да ја води државата, на секое поле има стагнација , постојано се задолжуваат, јавниот долг надмина 5 милијарди евра . Затоа оваа влада треба да си оди, а Македонија ќе победи.  Утре  во 20 часот граѓаните ќе ви кажат одете си, а Македонија победува, истакна Лашкоска.

Коронавирус