сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Лашкоска до Заев: Ништо не изградивте за студентите, па се фалите со проектите реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Лашкоска до Заев: Ништо не изградивте за студентите, па се фалите со проектите реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, постави прашање до премиер Зоран Заев за дадените ветувања во 2016 година за изградба на студентски град во Скопје.

-До каде сте со реализација на ветувањето кое што во 2016 година го дадовте на студентите? Имено ветивте дека ќе изградите студентски град во Скопје, ветивте дека ќе изградите нова зграда во кампусот Стив Наумов со преку 700 легла и нов ресторант. Ветивте изградба на универзитетски кампус во Битола, Штип и Тетово. Јавноста не гледа ништо од овие ваши ветувања па сметам дека е најдобро лично од вас да слушнеме до каде е нивната реализација, рече Лашкоска.

Таа додаде дека условите во студентскиот дом секој ден се влошуваат и дека студентите живеат во многу лоши услови, без топла вода, струја, лоша исхрана.

-Условите за живот во студентскиот домови во Република Македонија секој ден се полоши. На социјалните мрежи од објава на студентите можевме да видиме паднат плафон во тоалет во студентскиот дом Стив Наумов, потоа беа објавен слики од лошите оброци кои ги добиваат студентите, потоа имаше една недела кога студентите од студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу немаат топла вода па студентскиот дом Гоце Делчев немаа топла вода три дена. Минатата недела 5 дена го оставивте без струја студентскиот дом Томе Стефановиќ Сењиќ, вели Лашкоска.

На пратеничкото прашање, премиерот Заев и одговори на пратеничката Лашкоска дека СДСМ ги реконструирала 4 блокови во студентскиот дом Гоце Делчев, при што пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лашкоска посочи дека тие се проекти реализирани од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Господине премиер јас прашав за вашите ветувања кои што ги дадовте за изградба на студентскиот дом. Но, од ова што го говорите е сигурно дека до крајот на мандатот на оваа влада студентски градови во Македонија нема да видиме и сметам дека нема смисла ова што ми го одговоривте за направеното. Па вие ми читавте од сработеното на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како отчетот да го читате. Еве јас ќе ви набројам што е направено од Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: целосно ги реконстуриравме двете машки згради во студентскиот дома Стив Наумов, дополнително по цели 40 годи во 2014 година изградивме и пуштивме во употреба нови сместувачки капацитети 8 нови и целосно опремени павиљони на местото на старите бараки, темелна реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев кој се реализира етапно, целосно е реконструиран, среден и сместен блокот Б, следен за реконструкција е блокот А, за кој е избрана фирма и проект, следни се блоковите В и Г, рече Лашкоска.