вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Вести

Лашкоска до СДСМ: За жал Општина Прилеп воопшто не е спомената во Буџетот за 2019

Лашкоска до СДСМ: За жал Општина Прилеп воопшто не е спомената во Буџетот за 2019

Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија, му реплицираше на еден од пратениците на СДСМ, кој рече дека дел од буџетот се базира на реална основа. Но, констатацијата на голем број експерти и пратеници е дека станува збор за нереален и најобемен буџет на Република Македонија.

-Меѓутоа најобемен буџет во кој што нашата општина од која доаѓаме за жал речиси не се ни споменува. Барем да покажевте мала доза на критика за Буџетот за 2019 година. За жал прв пат се случува Општина Прилеп воопшто да не е спомената во Буџет, за разлика од другите години, потенцира Лашкоска.