среда, 19. декември 2018. Вести денес: 123
home Вести

Лашкоска до СДСМ: Бришењето на историјата значи дека не можете да имате ниту иднина

Лашкоска до СДСМ: Бришењето на историјата значи дека не можете да имате ниту иднина

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, денес на Комисијата за уставни прашања кажа дека ниту еден пратеник нема мандат за да го менува името на Република Македонија.

-После референдумот договорот со Грција е целосно мртов. Граѓаните кажаа „НЕ“ на договорот. Преку овој договор се брише минатото, а кога немаш минато не можете да имате ниту сегашност, ниту иднина. Сите 120 пратеници во ова Собрание кога ја бараа поддршката од граѓаните ги уверуваа дека нема да се менува уставното име, а сега се прави обид тоа да се направи. Милион и двесте илјади граѓани кажаа „НЕ“ на менувањето на Уставот и уставното име на државата, рече Лашкоска.

Таа додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитуваат волјата на граѓаните и нема да поддржат промена на уставното име Република Македонија.