среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Лашкоска: Денес е тажен ден за Македонија, СДСМ ги руши националните и државните интереси

Лашкоска: Денес е тажен ден за Македонија, СДСМ ги руши националните и државните интереси

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и недвосмислен години наназад, а и денес. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува промена на Устав се со цел промена на уставното име на државата. Во носењето на овој капитулантски договор кој што денес повторно беше на дневен ред  и можам да кажам дека ова е тажен ден за Република Македонија, ден на жалост за Република Македонија затоа што се рушат националните и државните интереси, изјави  пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска во денешното гостување во дневникот на телевизија „Алфа“.

Лашкоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел носењето на овој срамен и капитулантски договор кој има една цел а тоа е рушење на Република Македонија.

-Сакам повторно да нагласам дека со овој чекор кој што го повлече власта, повторно се прекрши Уставот на Република Македонија, се прекршија законите и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, рече таа.

Пратеничката нагласи дека собранискиот спикер Талат Џафери повторно го кршел Деловникот за работа на Собранието со тоа што кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни во салата тогаш во трето читање на законите не отворал постапка за произнесување, додека денеска кога ВМРО-ДПМНЕ не биле присутни во салата Џафери отворил постапка за да се пријават пратениците од парламентарното мнозинство за збор.

Лашкоска изјави дека се надева дека јавното обвинителство ќе смогне сили да ги процесуира двете кривични пријави кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднеле против Талат Џафери за кршење на законите и процедурите.

Најнови вести

Коронавирус