вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Дали во статистиката на координаторот на СДСМ влегуваат и непоставени пратенички прашања

Лашкоска: Дали во статистиката на координаторот на СДСМ влегуваат и непоставени пратенички прашања

На денешната Собраниска седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска  рече дека со оваа Влада предводена од СДСМ се е можно, и дека имало еден период кога за нивните постапки и за нивните изјави помислувала дека го достигнале дното.

-Замислете  не сум поставила пратеничко прашање, а сум добила одговор меѓутоа има и писмен допис, архивиран  како сум се обратила до министерот. И прашање поставено во мое име и замислете и одговор и сега не знам дали во статистиката на координаторот на СДСМ влегуваат и непоставени пратенички прашања ама добиени од страна на министри,  истакна пратеничката Лашкоска.

Пратеничката Лашкоска објасни дека станува збор кога на минатата седница на собраниски прашања кога таа упатила прашања до Министерот за култура, при што тој и одговорил но, не на нејзиното поставено прашање туку  за нешто што на него му одговарало. Имено Лашкоска  додаде дека не била задоволна од одговорот и министерот бурно реагирал на сето тоа.

– Затоа може да дадам една препорака како на се што последните месеци стигнува од оваа Влада до Собранието, редно време е Владата на Република Македонија да воведе и европско знаменце на пратенички прашања, сами нека си поставуваат прашања, сами нека си даваат одговор, ама тоа нека го играат со нивните пратениците кои се спремни на се, порача Лашкоска.