понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Лајм: Турбуленциите во ДУИ се СУДИР МЕЃУ МУСА ЏАФЕРИ И АЛИ АХМЕТИ? (ФОТО)

Лајм: Турбуленциите во ДУИ се СУДИР МЕЃУ МУСА ЏАФЕРИ И АЛИ АХМЕТИ? (ФОТО)

Партиски извори од ДУИ за весникот лајм велат дека турбуленциите во оваа партија се судир меѓу Муса Џафери и Али Ахмети. Овие извори велат дека пред три ноќи се случила средба меѓу Муса Џафери, Изет Меџити и Блерим Беџети во Скопје, од каде испратиле неколку фотографии редакцијата на Лајм.

Муса Џафери очигледно се бори за најмоќните позиции и директорски места и сака да му направи пуч во партијата на Али Ахмети, преку Меџити и Беџети, велат овие извори од ДУИ.

„Ова не е првпат Муса Џафери да поставува вакви услови за функции и позиции кон Али Ахмети, но не знаеме зошто го поддржуваат Меџити и Беџети. Структурите на ДУИ апелираат до претседателот Ахмети да не прифаќа никакви услови од никого, велат од ДУИ.“

Сепак, Меџити инсистира на тоа дека нивните барања се принципиелни и немаат никаква врска со другите игри.

Коронавирус