петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Лајм: Итен состанок на раководството на ДУИ во Мала Речица во два часот по полноќ!

Лајм: Итен состанок на раководството на ДУИ во Мала Речица во два часот по полноќ!

Синоќа во два часот по полноќ се одржа итен состанок во седиштето во Мала Речица, информираат извори на порталот на албански јазик Лајм.

Според нив, причината за овој итен состанок е скандалот откриен со изградбата на домот на културата во Тетово, каде што, наводно, биле украдени неколку милиони евра.

На средбата не беа поканети сите членови на претседателството, туку само најдоверливите лица на претседателот и неговата десна рака, кој е главниот осомничен во случајот на неколку милионската злоупотреба во албанскиот театар.

Десната рака на претседателот се заканил дека ако заврши во затвор, ќе ги каже имињата на другите инволвирани функционери, не исклучувајќи го ниту името на претседателот.

Во оваа финансиска злоупотреба е вклучена и потпретседателката. За време на состанокот, во Речица, можеше да се забележи зголемено присуство на полициски сили, велат изворите на Лајм.

Коронавирус