понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 126
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Лајм: Истрага за функционер на ДУИ, испратил пари во Америка за убиство на Ел Чека!

Лајм: Истрага за функционер на ДУИ, испратил пари во Америка за убиство на Ел Чека!

Истрага за функционер на ДУИ за кој се претпоставува дека испратил пари во Америка за убиството на Ел Чека.

Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, во правосудните органи на САД пријавил дека против него се подготвувал атентат, велат извори на весникот Лајм. Според овој извор, нарачател на атентатот е висок функционер на ДУИ, кој минатиот месец два до три дена престојувал во Чикаго, каде што живее Ел Чека.

– Информациите се уште официјално не се потврдени. Изворот вели дека Ел Чека се сомнева дека засегнатиот функционер на ДУИ им дал или им ветил пари на некои Албанци кои живеат во САД, а кои претходно соработувале со Југословенската УДБА, а сега со тајната служба на Србија и на Македонија, за да извршат атентат врз Ел Чека. Прочитајте го последниот негов статус на Фејсбук и ќе разберете за што се работи. Мислам дека овој функционер е многу близок до Али Ахмети, изјави изворот за весникот Лајм, кој сака да остане анонимен.

Коронавирус