сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Вести

Лагите на СДСМ за малку ќе чинеа човечки живот: Патниот правец Кочани – Македонска Каменица и по две години небезбеден

Лагите на СДСМ за малку ќе чинеа човечки живот: Патниот правец Кочани – Македонска Каменица и по две години небезбеден

Лагите на СДСМ денеска за малку ќе чинеа човечки живот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица. Заради неостварените ветувања на власта денеска на овој патен правец за малку ќе загинеше возач на цистерна кога цел рид од карпи се срушил во близина на селото Истибања.

СДСМ додека беше во опозиција ветуваше побезбедни патишта од првиот момент откако ќе дојдат на власт.

Благој Бочварски како претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ токму на правецот Кочани – Македонска Каменица даваше изјави дека веднаш откако ќе дојдат на власт работите ќе се променат, патиштата ќе станат побезбедни и ќе се работи на развој на патната инфраструктура.

Изминаа повеќе од две години и гледаме дека тоа не е случај. Теренот на оваа делница и натаму е небезбеден, на секои 5 минути се рушат камења, а власта наместо да изнајде решение единствено што прави е затворање на одреден период и пренасочување на возилата преку алтернативни сообраќајници.

Според информациите од вработени во „Македонија пат“ подружница Кочани, теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои 5 минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.

-Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Кочани, пренесе порталот Досие.