сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев“

„Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 30-от роденден на УМС испрати неколку пораки во своето обраќање.

-А оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци во власта за таква црна листа. Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, или пак до толку да се дибидуси незнајковци по историја па да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република во време кога во Европа владеаа монархии, и дека слободата и човечките правдини се нашето верују. И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија. До рејтингот е… Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштитата на криминалот и лагите за опозицијата, истакна Мицкоски.

 

Коронавирус