петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

„Лаги за Македонија” наместо „Вистина за Македонија”- разобличена манипулацијата со незаконски снимените разговори

„Лаги за Македонија” наместо „Вистина за Македонија”- разобличена манипулацијата со незаконски снимените разговори

Вчера јавноста беше сведок на исказот на поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски во кој призна дека таканаречената „Вистина за Македонија“ е базирана на материјали кои биле незаконски следени, а потоа изменети и компромитирани.

Тој исто така потенцираше дека бомбите се страотно модифицирани и компромитирани по неговото приведување.

Имено тој беше приведен пред да започне Заев со емитување на нелегално стекнатите материјали, додека договорот за СЈО е постигнат во септември 2015 година, а кон крајот на годината Заев велеше дека ги предал материјалите.

Попрецизно Верушевски беше приведен на 23 јануари 2015 година скоро 11 месеци пред предавање на материјалите на Заев во СЈО, а вчера Верушевски изјави дека тој не можел да ја потврди автентичноста на бомбите туку тоа требало да го направи институција.

Инаку претходно Шилегов лажеше дека не го познавале Верушевски, додека Заев велеше дека тој бил ценет експерт.

Верушевски со спротивни тврдења од свиркачот Лазаревски! Падна уште една конструкција на СЈО

И додека Верушевски тврди дека нему не му биле давани нелегално снимените материјали, според вчерашниот исказ до него стигнувала документација доставувана до партијата.

Претходно пак Лазаревски тврдеше дека му ги доставувал на Верушевски материјалите, а истото го потврдуваше минатиот ноември кога изјави и дека примал и наредби, по што Верушевски сега го обвинува за лажно сведочење.

Се поставува прашањето зошто Лазаревски лажел и по чија наредба постапувал доколку не било по наредба на Верушевски?


Верушевски тврди дека воопшто и не се гледале, така што исказот на Лазаревски за нелегалното следење на комуникациите станува целосно неупотреблив во случајот.

Претходно сомнително сведочење имаше и Звонко Костовски.

 

 

Коронавирус