четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Лаги и манипулации: Минаа 9 месеци, а Македонија не е ниту во ЕУ ниту во НАТО, сега не им пречи и Груби да преговара за името 

„Веќе никој не знае кој сè преговара во име на Република Македонија“, ова се зборови на Радмила Шекеринска вицепремиер во македонската влада, пред верувале или не точно 1 година, кога сегашната власт беше опозиција.
Лаги и манипулации: Минаа 9 месеци, а Македонија не е ниту во ЕУ ниту во НАТО, сега не им пречи и Груби да преговара за името 

Артан Груби, во период од 6 до 11 февруари ќе оствари посета на САД, во посетата е вклучен и работен состанок со медијаторот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц. Од СДСМ нема ниту реакција, ниту соопштенија, во чиее име пеговара Груби. Ова не е зачудувачки доколку го земеме предвид лицемерието на СДСМ  како партија, кое многу пати се докажа како нивна карактерна особина.

Имено во официјално соопштение Груби за посетата на САД, Груби најавува и посета на Њујорк каде ќе оствари работен ручек со медијаторот на ООН за името,  Метју Нимиц, по негова покана.

– Оваа посета на Груби претставува можност за да се реафирмира силната американска поддршка на Евроатлантските интеграции на Република Македонија. Истовремено и одлична шанса, Груби да информира за постигнатиот напредок на земјата во изминатите неколку месеци, заснован, пред се, на крупните реформски активности на Владата и на парламентарното мнозинство, но и на конструктивната надворешна политика, што значително придонесува за забрзано отворање на перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, се наведува во соопштението.

„Веќе никој не знае кој сè преговара во име на Република Македонија“, ова се зборови на Радмила Шекеринска вицепремиер во македонската влада, пред верувале или не точно 1 година, кога сегашната власт беше опозиција.

Шекеринска тогаш бурно реагираше на посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Атина, додека сега кога претставник на истата таа ДУИ, но од позиција на коалиционен партнер на СДСМ оди во Њујорк на средба со Нимиц од Шекеринска нема коментар, ниту осуда. Во чие ли име сега оди Артан Груби во Њујорк? И во чие име ќе преговара?

Лицемерието на СДСМ е веќе видена работа едно се зборува од опозиција, сосема друго од власт. За СДСМ едни се стандардите за во опозиција, сосема други за на власт. Шекеринска не ја коментира најавената средба на Груби со Нимиц, ниту пак некој од актуелната власт бара или дава објаснување во чие име преговара Груби.

Ветувањата на Шекеринска секогаш се покажале бледи. Имено истата во минатото ветуваше експресен влез на државата во ЕУ  и НАТО. Во текот на изборите 2008 година устите на социјалдемократите беа полни со зборовите ЕУ и НАТО.

– За шест месеци гарантирам. Македонија ќе добие НАТО  покана. За шест месеци ќе добиеме европски преговори. За шест месеци македонските млади, македонската иднина, македонските средношколци и македонските студенти со свој македонски пасош ќе ги отворат вратите на Европа и слободно ќе патуваат, велеше Шекеринска. Шекеринска ветуваше и влез во ЕУ.  „За шест месеци сигурно ќе донесам датум за преговори со ЕУ. Јас можам да се изборам за Македонија.“

Како во минатото така и сега. Ветено од СДСМ, заборавено од СДСМ. Зборот во партијата од искуство бргу се заборава.

Коронавирус