недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ладен туш за СДСМ, Јанша со твит: Помошта е по барање на Мицкоски

Ладен туш за СДСМ, Јанша со твит: Помошта е по барање на Мицкоски

Пред неколку дена на скопскиот аеродром слета првиот авион од Словенија со хуманитарна помош од стотина илјади заштитни маски и ракавици за македонските институции, и тоа е единствената помош која што Република Македонија ја добила од друга земја за време на пандемијата која го зафати целиот свет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за една национална телевизија информираше дека всушност помошта од Словенија пристигнала по претходен негов разговор со словенечкиот премиер и истата веќе тогаш пристигнала и ќе можат да ја користат оние на кои најмногу им е неопходна и кои се во првите борбени линии со невидливиот непријател.

Инаку, со твит се јави и премиерот на Словенија Јанез Јанша, кој што потврди дека помошта е испратена по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој што го информирал дека состојбата во Македонија со коронавирусот е загрижувачка.

Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ме извести за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме министерството за одбрана на Словенија со министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава. Истовремено јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан.

Додека власта спие, а Филипче глуми портпарол, Мицкоски во неодамнешното интервју најави дека уште еден авион со хуманитарна помош ќе пристигне во Македонија.

Истата ќе биде од една пријателска држава и треба да пристигне во текот на неделата, а ќе биде реализирана повторно благодарение токму на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус