сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Ладен туш од Бугарија за Заев

Ладен туш од Бугарија за Заев

Зоран Заев доби ладен туш од Бугарија во однос на македонските ЕУ и  НАТО аспирации, според бугарскиот претседател освен добра намера од страна на државите од Западен Балкан за приклучување во овие сојузи, нема конкретни резултати.

Според Радев треба да се почека и дали навистина ќе има напредок во спорот  за името помеѓу Грција и Македонија, по што ќе стане јасно дали Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на Самитот на врвот на организацијата во јули.

Бугарскиот претседател Румен Радев, во интервју за бугарскиот дневен весник „Дневник“  дополнително вели дека реалните резултати се многу далеку од посакуваното, но и ветеното од страна на државите.

Ледениот туш од Радев е втор, откако претходно во медиумите излезе „нон пејперот“ на влијателни земји членки на ЕУ кои јасно кажуваат дека Република Македонија не може да добие датум  за почеток на преговори, а ги дијагностицираат заробената држава, корупцијата и политизираните институции како главен проблем на нашата држава.

Коронавирус