среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 10
home Вести

Кузмановски: За образованието

Кузмановски: За образованието

Колумна на Влатко Кузманоски, наставник во одделенска настава:

Период – прво тримесечје.

Тема – образование.

Националната платформа (падна при првиот обид) веќе и не се споменува, а потрошени се милиони за неа. Сите или голем дел работат на Microsoft Teams кој го имаше и пред КОВИД-19, значи и без милионите можеше да има онлајн настава!?

Поради таа платформа наставата не започна од септември, нели?

Еден од адутите за „мир во куќата” беше оценување со физичко присуство. Оценување со физичко присуство забрането. Зголемен бил бројот на болни, во ред, дошол втор бран, и тоа во ред.

Се прашувам, што ли правеле одговорните знаејќи дека следува втор бран со којшто нè плашат секој ден ко Баба Рога, а тие се без никаков конкретен план?

Изненадени се од вирусот кој го очекувале или само се роднини со овие од патишта што се изненадени од снег во јануари?

Одговарањето онлајн, пред камера, е можно само ако имаат камери или ако не им се расипани или ако не се расипат во моментот на одговарањето или ако не падне интернетот или ако имаат пари за камера (родителите), ако не се на нива, во продавница, на кафе, на гости или…

Им даде некој камери или 70% имаат? (70 > 0, нели?)

Сè сведовте на бројки, на извештаи, на бирократија. Сè сведовте на умилкување и на чекање „лајк” од европските фондови.

Заборавивте дека хартијата не дише, не зборува, не плачи, не се радува.

Заборавате дека „хартијата” треба да нè лечи во иднина, да ни дава образование, да го води судството, да го движи општеството.

Крпите образование ли?

Па чорапи да крпевте ќе имавте повеќе чувство, план, естетика, одговорност.

Аха, одговорност, што е тоа?

На душа ќе ги носите овие генерации. До душа вашите деца (ќе) студираат на странски факултети така што… сè е во ред!

Коронавирус