сабота, 28. март 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кузмановски: Филипче треба да дава многу јасни информации за да нема забуни

Кузмановски: Филипче треба да дава многу јасни информации за да нема забуни

Целата оваа дискусија е во апел здравствените властите да сето ова што се случува во нашата околина сериозно да се сфати, да се разбере сериозно и колку поголеми можности има нашата држава да се превземе, ова го истакна неврологот Иван Кузмановски во своето гостување во „Live chat” во врска со коронавирусот.

Кузмановски во своето гостување посочи дека не се случува ништо во кампусот клиники „Мајка Тереза“ освен на инфективна клиника и во врска со тоа тој го посочи следново:

-Вчера добија наредба на повеќето клиники за хирургија да работат малигни заболувања кои не се итно загрижувачки, тоа значи по неколку операции на ден, тоа значи фамилии нивни присутни на клиниката, тоа значи дека она што дискутираме пред се најинтензивно го предлага нашиот министер не се почитува. Тој истиот ја носи таа одлука да се продолжи со некоја редовна програма на хируршките клиники што секако не се согласуваме. Според мене тоа е несериозно согледување на состојбата бидејќи веќе кај нас и покрај тоа што не се тестирани сите потребни пациенти односно сомнителна популација, каде што не успееја да се изолираат вратените од дијаспората во ваква ситуација е неиздржливо. Министерот Филипче сега треба да дава многу јасни информации во јавноста за да нема забуни меѓу граѓаните.