сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Кузмановска: Пренамената на пари за општините не е затоа што Владата се грижи за нив, туку затоа што не беа способни да ги реализираат капиталните инвестиции

Кузмановска: Пренамената на пари за општините не е затоа што Владата се грижи за нив, туку затоа што не беа способни да ги реализираат капиталните инвестиции

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот од 2018 година потенцираше дека Владата не ги пренаменува парите затоа што се грижи за општините, туку тоа го прави бидејќи не ги реализираа капиталните инвестиции, и сега прави уште еден погрешен чекор со пренамена без претходна анализа кои општини навистина има долгови или се манипулира со долгот.

– Во локалната самоуправа 80% од приходите во буџетите на општините се од комуналните приходи на самите општини. Од општините кои ги доставивте дека се должници , гледаме дека има парични средства , и има општини со приход на жиро сметка а објавуваат долгови, вели Кузмановска.

Таа додаде и дека многу општини немаат приходи затоа што донесувањето на ДУП-овие и издавање на градежни дозволи е во застој заради незнаење и недобро менаџирање од страна на локалната самоуправа на тие општини.

Коронавирус