четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Кузмановска: Покачувањето на данокот на доход од 10% на 18% ќе придонесе за дополнително осиромашување на граѓаните

Кузмановска: Покачувањето на данокот на доход од 10% на 18% ќе придонесе за дополнително осиромашување на граѓаните

СДСМ директно удира по џебот на граѓаните. Најавата за воведување на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е уште една од погубните политики на власта која ќе допринесе за дополнително осиромашување на граѓаните. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев од почетокот на годината до сега го задолжи секое семејство со нови 1200 евра, без да реализира ниту една инвестиција, истакна Лилјана Кузамновска на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата се задолжува милиони, а граѓаните не знаат на што се трошат парите кои сите ние утре треба  да ги враќаме. Ваквото расипништво на СДСМ според најавите на Тевдовски многу скоро ќе го плаќаат граѓаните со над 1000 евра приходи. Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои веднаш би ја напуштиле Република Македонија и би ја преместиле својата дејност во држави со поповолна даночна политика, рече Кузамновска и додаде:

„Зголемувањето на даночната стапка значително ќе влијае на зголемување на невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија, со што голем број на субјекти наместо да ги пријавуваат своите приходи целосно ќе се префрлат во полето на сивата економија. Власта со овој чекор ја влошува бизнис климата на државата. Претстои опасност Република Македонија од држава со најниски даноци да стане држава со големи даноци и неповолни услови за водење на бизнис. Рамниот данок е воведен од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, чин, кој заедно со другите успешни економски мерки придонесе за  намалување невработеноста од 38%, наследени од транзицијата на СДСМ, да се намали до 22%. Тоа дополнително придонесе за намалување на даночната евазија и зголемување на фискалната дисциплина, со што се создаде простор за рамноправен пазарен натпревар кај економските субјекти. Повторното покачување на данокот на доход ќе допринесе до зголемување на сивата економија и влошување на бизнис климата“.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Кузамновска, смета дека рамниот данок со една од најниските стапки на оданочување, се уште е најприкладен за македонската економија.

-СДСМ треба да престане да си поигрува со економијата. Државата и економијата не смеат да бидат жртва на неспособноста на оваа власт. Колку побргу оваа власт си замине, толку подобро за државата и граѓаните.

Најнови вести

Коронавирус