среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановска: Оваа влада нема содржајна економска политика

Кузмановска: Оваа влада нема содржајна економска политика

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска. Таа кажа дека владата нема содржајна економска политика. Имено таа истакна дека Владата дава само ад хок решенија без никаква анализа и тие имаат негативни ефекти врз економијата.

– Освен скандалозното зголемување на прогресивниот данок кое многу јавно и гласно фелата и сите заинтересирани страни и ние како пратеници кажавме дека нема да има ефект, се покажа дека зголемувањето всушност значи одлив на највисоко квалитетните кадри од државата.

Таа кажа дека економијата во Република Македонија е во апатија и во агонија затоа што владата воопшто не ги слуша засегнатите страни при донесување на крупни и значајни закони како законот за прогресивно оданочување. Кузмановска додаде дека Македонија пред неколку години се вбројувала во земјите со значајни стапки на економски раст но дека сега значајно уназадува.