понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановска: Криминалниот картел ја турка државата кон презадолженост, јавниот долг ја помина границата од 5 милијарди евра

Кузмановска: Криминалниот картел ја турка државата кон презадолженост, јавниот долг ја помина границата од 5 милијарди евра

Криминалниот картел ја турка државата кон презадолженост. Расипничкото трошење на власта ја проби психолошката граница од 5 милијарди евра на јавниот долг и 4 милијарди евра на државниот долг, истакна Лилјана Кузмановска на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминалниот картел ја задолжува државата без основа. Задолжувањето како мерка за финансирање на Буџетот е единствено оправдано, ако со него се финансира изградба на капитални проекти. Капитални проекти нема. Државата има катастрофално ниско ниво на реализација на капитални инвестиции од само 7.5% во првите 3 месеци од 2018 година. Во текот на минатата година од преземањето на власта од страна на картелот сите проекти и инфраструктурни зафати беа запрени. Додека ниту еден нов проект не е отпочнат. Оваа власт не знае да работи, рече таа и додаде:

„Доколку продолжи со ова темпо на реализација, во прашање се доведува планираната годишна реализација на капиталните инвестиции. Нема инвестиции, немаа проекти. Оваа влада мора да одговори, на што и како се потрошени овие милиони за кои ја задолжи државата. Каде отидоа над  300 милиони евра нов долг. Оваа расипничка власт успеа за само три месеци и државниот и јавниот долг да ги зголеми за 300 милиони евра. Со тоа секое македонско семејство е задолжено за нови 600 евра, за само три месеци. Граѓаните не знаат на што и како се потрошени овие пари. Нема нови капитални инвестиции, нема 600 километри нов автопат, нема 12.000 денари социјална помош, нема 30.000 денари просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема ништо од тоа што го ветија. Има само неосновано задолжување и криминални бизнис зделки на картелот со државните институции“.

Граѓаните, потенцираше Кузмановска, гледаат како додека државата се задолжува и тоне, картелот се богати и влегува во милионски бизниси. -Оваа расипништво мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро.

Коронавирус