понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановска: Катастрофалните политики на СДСМ на економски план почнуваат да влијаат на животот на граѓаните

Кузмановска: Катастрофалните политики на СДСМ на економски план почнуваат да влијаат на животот на граѓаните

Трошоците за живот во февруари оваа година се зголемија за 1.9% во однос на февруари минатата година. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план почнуваат да влијаат на животот на граѓаните,истакна на денешната прес-конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека загрижува фактот што трошоците за живот се зголемуваат од месец во месец.

-Трошоците за живот во февруари во однос на јануари оваа година бележат пораст од 0.2%, доколку продолжи оваа тенденција на раст на трошоците за живот сериозно се загрозува животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Додека трошоците за живот растат, платите, пензиите и социјалната помош тапкаат во место. Во услови кога од месец во месец животот е се поскап, а приходите на граѓаните исти се повеќе ќе се соочиме со намалена куповна моќ на граѓаните и сиромаштија, нагласува Кузмановска.

Според неа СДСМ не знае да ја води економијата, а граѓаните се жртва на погрешните политики на СДСМ на економски план.

-Лошата економска политика од месец во месец ги обезвреднува парите и го намалува количеството на производи кои можат да се купат. СДСМ ветуваше подобар економски стандард и просперитет, донесе стагнација и беда. Неодговорните политики на власта мора да запрат пред последиците да бидат ненадоместливи. Наместо покачување на давачките, даноците и цените, власта мора да ги подобри условите за живот, посочува Кузмановска на денешната прес-конференција.

Коронавирус