понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановска: Капиталните инвестиции речиси и да не постојат во новиот Буџет креиран од власта

Кузмановска: Капиталните инвестиции речиси и да не постојат во новиот Буџет креиран од власта

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска денеска во „Топ Тема“ појасни дека во предложениот Буџет на Владата процентот на капитални инвестиции е навистина многу мал, а патната и железничката инфраструктура е предвидено да се финансира со донации.

-Капиталните инвестиции за жал од Буџетот, финансирани се многу малку. Еден процент кој значи минимално во самото планирање, затоа што сите и тоа железничката и патната инфраструктура , делот од Буџетот се финансирани сите од донации, односно од Европска Банка, Светска Банка, и во делот од гасификацијата, истакна Кузмановска.

Кузмановска додаде дека сите даноци и оние придонеси кои се во приходната страна, а се во делот на трошење на финансиски средства односно на проекти не се планирани и распределени во делот на капитални инвестиции, тие се распределени само за плати, за неостварените ветувања на СДСМ кои ги даваше пред да дојде на власт.

Коронавирус