среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Кузмановска и Затуроска остануваат дел од пратеничката група и ќе ги бранат политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Кузмановска и Затуроска остануваат дел од пратеничката група и ќе ги бранат политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалната војна полна со дезинформации кулминира, а во текот на вчерашниот ден беа погрешно презентирани фајсбук статусите на Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска, две пратенички кои беа дел и од раководните структури на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Нивните постови со кои и изразија благодарност за соработката со довчерашната претседателка Даниела Рангелова беа претставени како отстапување од политиките на актуелното раководство. Двете пратенички денеска децидно ги отфрлаат овие манипулации и потврдуваат дека ниту помислиле, ниту имале намера да преземат таков чекор.

„По статутот на партијата, со оставката на претседателката на Унија на Жени Даниела Рангелова, во оставка е целокупното раководство и Извршниот комитет на Унијата. Нашите статуси на фејсбук беа злоупотребени и погрешно пренесени. Станува збор за деловничко прашање и во никој случај не подразбира дека си заминуваме од партијата или се дистанцираме од пратеничката група. Напротив, остануваме дел од пратеничката група и ќе продолжиме да го следиме курсот на партијата во Собранието“, велат пратеничките Затуроска и Кузмановска.

Нивното активно учество и жестоките критики кон катастрофалните економски политики на актуелната власт можеа да се слушнат и вчера на собраниските дискусии за актуелниот буџет. Таквиот начин на работа и следењето на курсот на актуелното раководство, двете велат дека ќе продолжи и во иднина.

„Нашата вчерашна реакција кон Рангелова беше човечка со оглед на фактот дека со неа сме соработувале пет години и сме придонеле многу за партијата. Ние остануваме верни на идеологијата на ВМРО ДПМНЕ и со нашето искуство подготвени сме и натаму да помагаме оваа однародена и криминогена власт да биде целосно демаскирана и поразена. На нас Македонија и ВМРО ДПМНЕ ни остануваат прес се и над се“.

Двете пратенички се со долгогодишен партиски стаж и децениско искуство во рамки на Унијата на жени. Лилјана Кузмановска уште од 2003 година е претседател на УЖ Битола, а веќе од 2007 година член на Извршниот Комитет на Унијата на жени. Лилјана Затуроска е член на раководните органи на Унијата на жени од 2009 година. Двете се едногласни дека без разлика на оставката на Рангелова, ВМРО ДПМНЕ и Унијата на жени имаат капацитет и човечки потенцијал од целата ситуација да излезат уште посилни затоа што за силна Република Македонија е неопходно силно и единствено ВМРО ДПМНЕ.

Коронавирус