петок, 4. декември 2020. Вести денес: 42
home Вести

Курто Дудуш не е Боки 13, никој ништо не му може

Курто Дудуш не е Боки 13, никој ништо не му може

Скандалозниот градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, се чини дека има посебна заштита од високиот владин врв, бидејќи и покрај очигледните бројни незаконски дејствија за кои медиумите и јавноста алармираше, вклучително и последниот случај, во кој тој заедно со уште едно лице, се товари за загрозување на безбедност, анализира Нетпрес.

Иако, во Јавното обвинителство е поднесена кривична тужба за нанесување телесна повреда, нема никакви информации за евентуална разврска од истрагата, ниту, пак, конкретен одговор од Обвинителството за тоа.

Во врска со случајот, во медиумите беше објавен аудио материјал во кој се слушаат гласови на неколку луѓе, меѓу кои и на Дудуш, а целата атмосфера од снимката укажува на насилство. Имено, се слуша како Дудуш физички и вербално малтретира едно лице, наводно вработено во општината со која раководи Дудуш.

Тепаното лице, во кривичната пријава тврди дека дека веднаш откако дошол во општината на повик на Дудуш бил нападнат и насилно внесен во просторија каде што бил жртва на насилство.

Во документот се наведуваат и имиња на двајца сведоци.

„Нетпрес“ за настанот пишуваше уште пред да излезе снимката во јавност, но, никој од надлежните не се заинтересира за случајот, а, работите стануваат сѐ појасни зошто е тоа така, бидејќи и сега кога има и кривична до Обвинителство и отворена истрага, случајот очигледно се турка под тепих.

Премиерот Зоран Заев, по излегување на снимката во јавност, изјави дека осудува секаков вид на насилство и ги повика органите на прогонот да преземат конкретни дејствија, бидејќи одговорност мора да има за секого. Но, и по објавата на скандалот, функционерот на СДСМ, Дудуш, и понатаму се фотографира со Заев, упатувајќи недвосмислени пораки дека ништо не му може.

Ова не е прв скандал поврзан со градоначалникот на Шуто Оризари. Уште од стартот кога тој почнува да ја извршува градоначалничката функција, неговото име се врзува со бројни афери, а непотизмот е една од низата…

Бројни текстови беа објавени во медиумите дека тој вработил десетина членови од неговата блиската фамилија, во државни институции.

Неговата невенчана сопруга е претседавач на советот во општина Шуто Оризари. Неговиот чичко е вработен во секторот за урбанизам во општината, а таму Дудуш го вработил и својот тетин. Неговиот вујко, пак, го вработил во Геронтологија како возач на директорката Салија Љатиф.

Тетката на Куртош, стана шефица на техничкиот персонал во основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“. Неговиот прв братучед го ставил одговорен за спорт и спортски активности во Општината, а братучетката си ја вработил исто така во Општината Шуто Оризари. Друг братучедот на Курто е сместен во јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Ова се само дел од вработувањата, за кои Антикорупциска требаше да да покрене постапка.

Коронавирус